Украинската војска и натаму го контролира својот воздушен простор, објави командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук.

„Непријателот никогаш, ниту во моментов не го контролира украинското небо“, напиша Олешчук на Фејсбук.

„Руската војска се обиде да ги елиминира украинските воздухопловни сили по почетокот на инвазијата на 24 февруари, но не успеа“, се наведува во неговата објава.

Олешчук вели дека Русите се помалку напаѓаат со авиони, а се повеќе со проектили од далечина, пренесува агенцијата ДПА.

Тој побара од западните сојузници дополнително оружје за Украина, вклучувајќи борбени авиони и противракетни системи.