Спасувачките екипи извлекоа шест од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти  локалниот кризен центар.

За да дојдат до еден од излезите на пештерата, момчињата морале да минаат по околу четири километри.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близина на пештерата каде се подложени на детални медицински прегледи, а потоа со хеликпотери биле пренесени во болница.

Операцијата за спасување на децата започна претпладнево по локлано време и според најавите на кризниот центар, таа ќе трае два до три дена.

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на центарот.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула