Во првите два натпревари од од ЛШ, Динамо Загреб одигра 2:2 на гостувањето во Доњецк кај Шахтјор.
По водството на домаќините во 16 минута со голот на Коноплјанка, Динамо успеа да направи пресврт. Најпрво со голот на Олмо во 26 минута, а потоа и следеше и голот на Оршиќ од пенал во 60 минута за 1:2 за гостите.
Шахтјор изедначи во 75 минута но тоа беше се што успеа да направи.
Со ова, Динамо останува втор на табелата со 4 бода, колку што има и третиот Шахтјор.
Во вториот натпревар од оваа група, во тек е средбата меѓу Манчестер Сити и Аталанта, а гостите од Италија водат кон крајот на првото полувреме со 0:1.
Во натпреврот од 19 часот кој се играше меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен, очекувано, домаќините од Мадрид победија со 1:0 со гол во второто полувреме.