Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, денеска ќе го посети Собранието.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Дробњак ќе оствари средби со пратеничката Иванка Василевска и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче.




