Десет големи најлонски пакувања со марихуана се пронајдени денеска во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на дебарското село Аме.
Од МВР информираа дека марихуаната е пронајдена од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад.
– Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.