Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ каде што Груевски беше осуден на две годишна казна затвор.
Претставката до Комисијата ја поднел Груевски и се пожалил за дикриминаторски однос од судот и од судијката Кацарска.
Според Комисијата, судот во контроверзна и незаконски експресно водена постапка го осудил Груевски, а за да се донесе таквата пресуда немало валидни докази.
– Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје, истакнува Комисијата.