По 82.000 евра на ден, и во делник и во празник. Ова е сумата што во просек ја плаќаат државните институции и јавните претпријатија на Пуцко петрол, фирма чиј основач е пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Компанијата за трговија со нафта и нафтени деривати во последните три месеци добила тендери во вредност од над 7 милиони и 350 илјади евра, ексклузивно објави Алфа.

Министерството за внатрешни работи во август склучило договор вреден 1 милион и 918 илјади евра за набавка на екстра лесно гориво, еуро дизел, еуро супер, како и за млазно гориво. Набавката се однесува за период од три години или до исцрпување на утврдените средства.

На иста сума од 1 милион и 918 илјади евра во јули бил склучен договор и со Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта, но предвидено е овие пари да се потрошат во рок од две години.

ЕСМ за потребите на РЕК Битола потпишало договор вреден над 1.3 милиони евра, а за потребите на РЕК Осломеј тендерот бил тежок над 447 илјади евра, пресмена Алфа.

Целата статија на ТВ Алфа може да ја прочитате на овој ЛИНК.