Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страна сукцесивно објавува резултати од изборите за градоначалник во Брвеница.

Од досега преброените 10.044 гласови односно од 15 избирачки места од 24, колку што има во населените места во Брвеница, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски има освоено 3950 гласови, додека Архин Јахиј од Национална алијанса за интеграција 2046 гласови.

Според информациите од партиските штабови, Јахиј освоил околу 200 гласа повеќе од Радичевски во Брвеница.