ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение – се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција, кое МИА го објавува интегрално.

Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна одговорност и политички прогон на поединци.

Токму затоа бараме целосна транспарентност на постапката, со цел јавноста, медиумите и експертите да можат да се запознаат со секое тврдење, доказ и аргумент на странките.

ДУИ исто така бара отворен и транспарентен меѓународен надзор над овој случај. Не бараме привилегија за никого, туку само еднаква примена на законот, правична постапка и правда независна од политичко влијание. Ниту еден исказ, ниту еден доказ и ниту еден факт не го прави ова обвинение основано.

ДУИ