Демократската унија за интеграција со натписот „Зошто да не?“ го осветли со ласери скопското Кале во предизборната кампања која ја започна со барање за прв премиер Албанец на Македонија.

Вчера интегративците го пуштија билбордот во скопски Центар со кој се бара премиер Албанец на местото на Зоран Заев од СДСМ или Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.