Денес се претставува почетокот на работите на преостанатиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Ова е добра вест за граѓаните и за стратешкото поврзување со Косово. Но јавноста заслужува да ја знае вистината: ова е проект што беше осмислен, проектиран, финансиран и заштитен од владата предводена од ДУИ, се вели во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално.
Во време кога првичните студии оценуваа дека изградбата на автопатот не е економски оправдана, ДУИ донесе стратешка и политичка одлука, преку која Блаце- како главна порта кон Косово и дел од Коридорот 8 треба да биде поврзано со Скопје преку модерен автопат, а не преку обичен магистрален пат.
За овој проект беа обезбедени 20 милиони евра грант од Европската Унија, беше подготвена техничката документација од американската компанија Hill, беа реализирани проектантските постапки за сложен терен со мостови, вијадукти и тунели, започна процесот на експропријација и беше обезбедено меѓународно финансирање за продолжување на изградбата.
Една од најважните одлуки беше изградбата на првите 2 километри од автопатот. Овој сегмент не беше изграден случајно, туку како стратешка гаранција проектот подоцна да не може да биде претворен во магистрален пат. Токму овие 2 километри практично го направија невозможно отстапувањето од првичниот концепт.
Владата предводена од ДУИ ги спроведе и тендерските постапки, на кои аплицираа 11 компании, додека на следната влада ѝ остана само да го избере изведувачот и да ги продолжи работите.
Наместо тоа, проектот беше блокиран две години и проследен со контрадикторни изјави, тврдења за промена на трасата, идеи за негово сведување на магистрален пат и обиди да се претстави како нов проект. Дополнително, беа потрошени околу 8.850.000 денари за анализи и измени, за на крај повторно да се вратат на решението што го подготви ДУИ.
Денес, оние што некогаш го оспоруваа овој проект и го одложуваа две години, се обидуваат да ги присвојат заслугите за него. Фактите говорат поинаку: автопатот Скопје- Блаце е производ на визијата, планирањето и работата на ДУИ.
Коридорот 8, Коридорот 10-Д, автопатот Скопје- Блаце, Патот Rruga e Arbërit, тетовската обиколница и проектите за олеснување на граничните премини се доказ за политика што инвестираше во регионалното поврзување и долгорочниот развој.
Го поздравуваме секој чекор кон завршување на автопатот, но нема да дозволиме пропагандата да ги замени фактите. Граѓаните добро знаат кој го започна овој проект, кој го заштити и кој го одложуваше две години.
ДУИ




