Кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, во пресрет на почетокот на новата сезона во НБА-лигата се најде на првото место на ранг-листата на „ЕСПН“ за најдобри играчи во лигата. На ланското рангирање, 32-годишниот играч се најде на 6. место.

Според американскиот ТВ канал, меѓу тројцата најдобри се и МВП на минатогодишното финале и член на шампионот Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо и ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс кој беше прогласен за најдобар играч на ЕСПН пред една година.

Топ 10 НБА кошаркари во сезоната 2021/22 според „ЕСПН“.

1. Кевин Дурант (Бруклин)
2. Јанис Адетокумбо (Милвоки)
3. Леброн Џејмс (Лејкерс)
4. Лука Дончиќ (Далас)
5. Стивен Кари (Голден Стејт)
6. Никола Јокиќ (Денвер)
7. Џоел Ембиид (Филаделфија)
8. Демијан Лилард (Портланд)
9. Ентони Дејвис (Лејкерс)
10. Џејмс Харден (Бруклин).