Во Лондон, синоќа се одржа боксерско шоу на стадионот на Тотенхем. Во главниот настан, досегашниот шампион ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа боксуваше против Александар Усик.

Украинецот победи со едногласна одлука на судиите и го презема тронот од Џошуа. Резултатот кај тројцата судии: 117:112, 116:112 и 115:113.

Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.

Украинецот го стори тоа многу побрзо од Холифилд. Тој го стори тоа по само 19 борби во професионалниот ринг.