Актуелниот шампион Голден Стејт оствари убедлива победа од 100:128 против Никс на гостувањето во „Медисон Свекр Гарден“ во Њујорк.

Во првите три четвртини домаќините пружија сериозен отпор, а  двете екипи наизменично го менуваа водството. Но, Голден Стејт одигра неверојатна последна четвртина кога постигна дури 47 поени, а Никс ги остави на само 16.

Меѓу најзаслужните за победата на актуелниот шампион се Кевин Дурант кој реализираше неверојатни 41 поен, додека Стеф Кари постигна 29 поени. Најефикасен во тимот на Никс беше Тим Хардавеј Џуниор со 24 поени.

На останатите натпревари Торонто Репторс го совлада Далас Маверикс со 116:107, а Хјустон Рокитс на домашен терен загуби од ЛА Клиперс со 113:133.

Њу Орлеанс го совлада Бруклин со 117:115, Шарлот со 135:106 беше подобар од Чикаго, Минесота на домашен терен загуби со 95:125 од Милвоки, а Сакраменто го совлада Вашингтон со 116:112.