Оперскиот пејач Игор Дурловски реагира на изјавата за ТВ 24 на главната јавна обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дека не повела истрага за еден од случаите, бидејќи „за десетина луѓе, можеби и повеќе, ќе беше непријатно (да им се вештачат телефоните)“.

„Нам ни беше баш пријатно апсењето со куп специјалци пред очите на нашите деца… #ДржаваИлиПанаѓур“, коментира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и единствен со ослободителна пресуда, откако не побара амнестија за настаните од 27 април.