Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски на Фејсбук ја коментира аферата Рекет и објавите во италијанскиот весник Ла Верита, во кои името Македонија се користи без наметнатата придавка Северна.

– Во целава саупница најмногу ме возбудува фактот што италијанскиот весник го користи вистинското име на мојата татковина, објави Дурловски на својот профил на Фејсбук.