Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска одржаа работен состанок со претставници на производителите и дистрибутерите, на кој беа презентирани резултатите од најновата анализа на движењето на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи кај најмалку 700 производи.

На состанокот беше упатено јасно предупредување до сите економски оператори дека Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат будно ќе ги следат движењата на цените и дека нема да се толерираат неоправдани поскапувања на товар на граѓаните.

Иако анализата покажува дека кај најголемиот дел од субјектите нема големи промени во профитните маржи, институциите ќе продолжат со засилени контроли и ќе преземат соодветни мерки доколку се утврдат злоупотреби или неосновано зголемување на цените.