Два случаја на каснувања од куче скитник во Скопје.

Б.Ѓ.(75) од Скопје вчера во 06:40 часот во полициската станица Драчево пријавил дека истиот ден на ул. „Румена Хаџипанзова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во Полициската станица Гази Баба, Ќ.Т.(83) од Скопје вчера пријавил дека завчера околу 20.00 часот на ул. „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.