Една добро одиграна четвртина им беше доволна на кошаркатите на Милвоки Бакс да стигнат до триумф на гостувањето кај Детроит.

Тоа за Милвоки беше 20.победа од почетокот на сезоната во НБА-лигата. Клучната разлика Бакс ја направија во вториот период кој го добија со 30:16.

Резултати на НБА-натпреварите играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Детроит – Милвоки 104:107
Њујорк – Феникс 110:128
Хјустон – Јута 102:97
Минесота – Сакраменто 132:105
Оклахома Сити – Чикаго 121:96
Сан Антонио – Филаделфија 123:96
Голден Стејт – Мемфис 110:93
ЛА Клиперс – Портланд 127:131.