Вработена во скопска обложувалница вчера била ограбена од вооружени разбојници.

Настанот се случил синоќа во 21.50 часот во Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“, кога во спортската обложувалница  две непознати лица со закана со пиштол извршиле  разбојништво над вработената А.Н (47)  од Скопје. Притоа и одзеле околу 36.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.