Две третини од испитаниците во анкетата на МКД.МК ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите.

Над 40% од испитаниците сметаат дека производите вклучени во мерката за замрзнување на маржите се добро одбрани, додека 13,2% не се согласуваат со изборот на производи опфатени со оваа мерка. Од нив, најголем дел, односно 39,4% изјавиле дека треба да се замрзнат цените на сите производи, а не само на дел.

 

Речиси половина од испитаниците (40,3%) сметаат дека високите цени во најголема мера се должат на превисоките маржи на трговците

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.