Албанската министерка за одбрана Олта Џачка денеска предупреди на загрижувачка појава на пожари во Албанија во овој период, додавајќи дека само во текот на 17 дена на територијата на земјата се евидентирани повеќе од 90 пожари.
– Пожарите во септември се криминален феномен. Есен е, температурите се ниски, а ние се соочуваме со парадокс. Само во рок од 17 дена се евидентирани 91 пожар, при што пламените јазици уништија површина од 262 хектари пасишта, грмушки, ливади, шуми, овоштарници, земјоделски површини, сточна храна, како и 1.162 маслинови дрвја, изјави Џачка.
Според неа, она што посебно загрижува е фактот дека причина за избувнувањето на пожарите е човечки фактор.
– Нашите информации говорат дека станува збор за намерно подметнати пожари од страна на лица со криминални тенденции, поради имотни спорови или со цел да се создадат нови земјоделски површини, со верување дека тоа земјиште е поплодно и дава повеќе род. Без оглед кои и да се причините, тоа е кривично дело казниво со закон, посочи Џачка.
Министерка нагласи дека од законска гледна точка тоа се смета за уништување на националните извори за развој, што е поврзано со сегашноста и иднината на земјата.
Таа ги предупреди албански граѓани дека секој пожар ќе биде темелно истражен и оти виновниците ќе одговараат пред законот.