На ЕУ и се потребни нови начини за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција, како и спротивставување на ефектите од американската државна поддршка на американските конкуренти, изјави денеска европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Тој, за финансискиот холандски дневен весник ФД, изјави дека е неопходно да се надминат негативните економски ефекти од војната во Украина, што најмногу се чувствуваат во Европа во споредба со другите делови на светот.

Еврокомесарот, сепак, не наведе колку треба да изнесуваат новите средства за поддршка, ниту како ќе се врши финансирањето.