Екстремисти на Исламска држава убија 12 членови на едно семејство, меѓу кои и жени и деца, при напад на нивната куќа во село на северот од Ирак, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Саладин, Амар Хекмат.

Тој рече дека нападот се случил во селото Фарахатијах, а Асошиејтед прес истакнува дека засега не е познат мотивот зошто семејството се нашло на мета на џихадистите.

Ирачките сили ги протераа припадниците на тн. Исламска држава од речиси целата територија која порано беше под нивна контрола, но екстремистите продолжуваат повремено да вршат напади, најчесто на безбедносните сили.