Во Словенија утре ќе се одржат парламентарни избори, една ндека отколку што беа планирани затоа што премиерот Миро Церар си поднесе оставка по контроверзниот референдум за изградба на железница, па партиите побараа предвремени избори. Со тоа утрешните ќе бидат трети последователни избори кои се спроведуваат предвреме.

Како клучни поенти за изборите се наведуваат фрагментираната левица, односно блокот партии кој беше околу Церар (социјалдемократите и партијата на пензионерите), односите со Хрватска во однос на граничниот спор, здравствениот систем и прашањето со уставната заштита на НЛБ банкатата, како и дефинирање на надворешната политика, пред се односите со Русија и со САД.

Анкетите покажуваат дека убедливо води Словенечката демкратска партија (СДС), а тоа значи дека нов премиер би требало да биде Јанез Јанша, политичарот кој успешно ги испливал сите политички води од пред осамстојувањето (аферата Младина), па се до последните избори кога секогаш влегувал во парламентот и покрај некои сериозни скандали. Токму од тие прични печатот го нарекува – Ајкулата. СДС во последната анкета има 16,3 отсто подрршка, а потоа следува листата на Марјан Шарац со 7,6 отсто, Левица е трета со 6,8, СД на Церар доби поддршка 4,8, а по 4,7 СМЦ, Десус на Ерјавец и Нова Совенија на Тонино.

„Да го исушиме ова мочуриште“ и да „донесеме нова пролет“, се ставоите со кои Јанша ги ништи своите политички противници и на митинзи и на социјалните мрежи. Тој едноставно сака убедлива победа, настојува да биде моќен лидер, нешто како Виктор Орбан во Унгарија, па дури и побара негови совети и поддршка во изборната кампања.

Европската левица веднаш реагираше преку медиумите наклонети кон неа со предупредување дека по Унгарија и Полска се создава уште една антиимигрантска држава, а некои, пак, отидоа уште подалеку и тоа го нарекоа „нелиберална алијанса“.

За веме на кампањата Јанша од многу Словенци беше именува како еден од најзаслужните за прогласување на независноста на „дежелата“, но земјата кој успешно ја преброди финансискта криза и лани имаше економски раст од 5,1 процент сега ги собира „плодовите на гневот“.

Милан Брглез, спикер на парламентот, вели дека иако Словенија имала највисока стапка на економски раст во ЕУ, признава дека воведените мерки за штедење ја погодиле средната класа и сиромашните.

Тоа е една од причните зошто Јанша и СДС се најпопуларни, а секако и прашањето со имиграцијата има голема улога, како и трендот во Европа гласачите да се вртат кон десните партии. А, Јанша вети и намалување на даноците, што би значело и подобар стандард.

Посматрачите наведуваат дека ова била кампања кога сите тешки орудија биле извадени, но и кампања во која доминирал говорот на омраза.

А, Јанша, кој утре се очеква да освои повеќе од 20 проценти од гласовите (анкета на Дневник), на еден од последните митинзи рече:„темни сили се обидуваат да ја запрат втората пролет“, што беше критика заради планираните демонстраци против него во четвртокот под мотото „Без страв-против политика на омраза“.

Како и да е и покрај сите контроверзи и финансиски и корупциски скандали кои го опкружуваа Јанша (59), никој не може да негира дека е тој историска фигура во модерна Словенија.