Барнли го финализираше трансферот на Џо Харт од Манчестер Сити и со голманот потпиша двегодишен договор.

Според британските медиуми, висината на трансферот изнесува околу 3,5 милиони фунти.

Минатата сезона Харт ја помина како позајмица во Вест Хем, а годината пред тоа беше испратен како позајмица во Торино.

Голманот не се вклопи во тимот на тренерoт Пеп Гвардиола и поради тоа по 12 години одлучи да го напушти Манчестер Сити.