По историскиот „нуклеарен тест“ со Северна Кореја, Доналд Трамп „очајно“ бара средба со Владимир Путин, која, според американски медиуми, би се случила во јули во Виена.

„Средба со Путин се чини како одлична следна акција во политичкото шоу на претседателот на САД кој сопствената дипломатија ја прегрна со авторитарните опоненти како знак на неговата надворешна политика“, пишува „Њујоркер“.

И „Вашингтон пост“ и „Вол стрит џурнал“ пишуваат дека по средбата со Ким Јонг-ун во Сингапур, Трамп го заангажирал својот тим „да организира нов спектакл, овој пат со царот од Кремљ“.

Руски медиуми, како РТ на пример, со поинаков тон и речник пишуваат за можната средба Путин-Трамп. Тие цитираат соопштение на Белата куќа во кое се наведува дека: „Ние ја разгледуваме таа можност“ за средба со Путин во јули.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека ништо не е финализирано, а кога тоа ќе се случи ќе биде објавено.

Постојат две сценарија за средбата која би била или пред самитот на НАТО или по него, или, пак, по посетата на Трамп на Велика Британија на 13 јули, објави Блумберг.

Како и да е претходницата на американската дипломатска коњица на 25-27 јуни ќе биде во Москва а ќе ја предводи советникот за национална безбедност, Џон Болтон, а тоа е потврдено и од Кремљ.