Двегодишната Јанела Дениз, родена во САД, чие семејство потекнува од Хондурас, деновиве стана икона на Анти-Трамп хистеријата и про-мигрантската пропаганда на меѓународната левица. Нејзината фотографија, монтирана покрај ладнокрвниот американски претседател, веројатно треба да ги разбуди емоциите на светот, за понатаму да бидат заборавени нелегалните активности на милиони луѓе во САД.

Фотографијата е деновиве направена од фоторепортерот на Магазинот ТАЈМ – Џон Мур, еден од највлијаелните часописи во светот. Вистината е сепак поинаква, нејзиниот татко бил под истрага во градот Мек-Ален во сојузната држава Тексас. Одкако е утврдено дека предстојот во САД на Алваро Дениз (таткото на Јанела) е во ред, тие се повторно заедно, што може да се види и по фотографијата на ТВИТЕР објавена од Алваро.

Но како и да е, ова сигурно не е, ниту прв, ниту последен пат, на ваков подмолен начин да се игнорира фактот дека луѓето кои извршиле нелегалните дејствија мора да бидат судски процесуирани, без разлика на ситуацијата на нивните деца, родители и сл. Идеолошката хистерија против Трамп, очигледно е отидена предалеку.