Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека оваа година очекува 3,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19, благодарение на ублажените проблеми во снабдувачкиот синџир и зголемената побарувачка.
Вкупните приходи на компанијата се зголемија за 13,6 отсто минатата година, достигнувајќи 93,8 милијарди долари. Со исклучок на продажбата и купувањето на имот, приходот е зголемен за 12,8 отсто.
Нето добивката се зголеми за 42 отсто во 2021 година на 20,9 милијарди долари.
Уделот на вакцината во вкупниот приход се очекува да биде мал, бидејќи „Џонсон и Џонсон“ ја продава по цена што не гарантира огромна заработувачка.
Конкурентот „Фајзер“ процени дека вакцината му донесе 37 милијарди долари приход минатата година.
„Џонсон и Џонсон“ моментно работи на одвојување на Одделот за здравје на потрошувачите и планира да се фокусира на бизнис со медицински уреди и фармацевтски производи.