Секој петти работник во Велика Британија во исто време би можел да биде болен од „Ковид-19“ во „неделата во која епидемијата ќе го достигне врвот“, соопшти британската Влада презентирајќи ги своите планови за справување со новиот коронавирус.

Британскиот премиер Борис Џонсон сепак истакна дека толку високиот степен на болни е само претпоставка.

Планот за борба против ширењето на ковид-19 на британската Влада вклучува евентуално затворање на училишта, работа од дома, како и вклучување на армијата во работата на полицијата, доколку недостасува персонал.

– Доколку во полицијата недостасува многу персонал, дејствувањето ќе се концентрира на „одговор на сериозни злосторства и одржување јавен ред“, рече Џонсон и додаде дека армијата секогаш е подготвена да помогне ако има потреба.