И Велика Британија ќе биде загрозена ако Русија победи во Украина, вели поранешниот британски премиер Борис Џонсон, во интервју за Скај њус.

Џонсон смета дека безбедноста на Обединетото Кралство (ОК) може да биде загрозена доколку Украина ја загуби војната.

Во интервју за Sky News, во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон рече дека ОК треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина.

– Украина сака Ф-16. Ние ги немаме, но имаме тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а би била загрозена и безбедноста на Обединетото Кралство, рече Џонсон.