Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули годинава во споредба со јуни останале непроменети, а во однос на јули лани се зголемени за 0,3 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6 отсто, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.