Стапката на невработеност во вториот квартал 2019 година падна на 17,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци бројот на невработени лица во земјава изнесува 168.180 лица, а бројот на вработени 794.283 лица.
Стапката на активност во вториот квартал е 57,1 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 17.5.
Стапката на невработеност во првиот квартал изнесуваше 17,8 отсто, а во на крајот во 2018 година 20,7 отсто.