Граѓаните тонат во сиромаштија, речиси половина милион од населението едвај го преживува месецот.

Според последната статистика за 2020 година, 21,8 проценти од населението или 451.900 граѓани живеат сиромашно. Од нив најизразена е стапката на сиромаштија во семејствата со три и повеќе деца (45,6%), кај самохраните родители со деца стапката изнесува 41,6%, потоа се домаќинствата со двајца вработени, најмал е процентот кај пензионерите односно лицата над 65г. возраст (7%).

Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97.000 лица, сега бројката е порасната на 110.000.

Со оглед на тоа што податоците се за 2020 година, јасно е дека дали процентот на сиромашни од 21 отсто е изведен од 2,08 милиони население, пребројани во 2002 година, а не од 1,8 милиони колку што се пребројани сега. Тоа значи дека процентот на сиромашани според и онака нискиот праг на ДЗС изнеусва околу 25 отсто.

Овие податоци се преземени од ДЗС. Целото соопштение гласи:

„Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2020 година – дефинитивни податоци

петок, 06 мај 2022

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се
спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета Лаекенските индикатори за сиромаштија
за 2020 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на
60 % од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2020 година, стапката на сиромашни лица во Република … Македонија изнесуваше
21.8 %.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со
две издржувани деца во 2020 година е 20.7 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката
на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.0 %. Коефициентот на Џини
(мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.4 %.“

Дека овие податоци не ја даваат реалната слика, надобар пример е ситуацијата од 2019 година, кога великиот ум на Царовска ги цитираше лаекенските индикатори и кажа дека според нив, на четиричлено семејство за да го преживее месецот му се доволни 17 000 денари, по што стана предмет на јавен потсмев.