Веруваме дека промените се неопходни, веруваме дека ќе се приклучите кон промените. Бидејќи промените се во ваши раце, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 5.

-Почитувани жители на Струга,

Веруваме дека промените се неопходни, веруваме дека ќе се приклучите кон промените. Бидејќи промените се во ваши раце, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 5.

Заеднички со нас да изградиме Струга да биде подобро место за живеење, да направиме подобра инфраструктура, да ја дислоцираме депонијата која што ја загрозува општина Струга и жителите на општина Струга.

Да направиме подобра инфраструктура и за сите населени места кои гравитираат околу општина Струга.

На таков начин ќе направиме да бидете горди и вие како стружани, да биде горда и Македонија. Без разлика од која националност доаѓате, без разлика дали Албанци, Турци, Власи, Роми, Македонци, да се обединиме сите во борбата за подобар живот. Да се обединиме сите во желбата за носење на нови инвестиции. Да се обединиме сите и да направиме подобра инфраструктура што ќе го поврзува булеварски Враништа, но да направиме и за Драслајца, да направиме и за Лабуништа, да направиме подобро за цела Струга.

Бидејќи стружани го заслужуваат тоа. Стружани заслужуваат во овој преубав град да имаат подобра инфраструктура и подобри услови за живот, рече Сајковски.