Ѕвездата од ТВ-серијата „Модерно семејство“, Ариел Винтер повторно објави видеа од себеси во сала за вежбање.
На двете снимки таа посебно ги истакнува стомачните мускули и затегнатиот задник, коментираат американските медиуми.
Младата глумица, редовно, со одличната физичка форма ги потсетува своите обожаватели и следачи на важноста на фитнес-вежбите за изгледот, но и за човековото здравје.