Еден маж по име Исус Буено му помогнал на еден христијанин, Тајлер Мун, облечен во маица „Исус спасува“.

Тајлер Мун славел губење на тежина. Откако напорно работел да води поздрав живот, 25-годишнникот решил да трча. Тој сакал да истрча 25 километри меѓу два града, што бил голем потфат за кој долго време тренирал.

Тајлер исто така сакал да му се заблагодари на Бога облечен во маица „Исус спасува“.

„Се надевав дека некој ќе ја види пораката на мојата маица и дека ќе се охрабри. Можеби некого ќе направи да се чувствува помалку осамено и развесели“, вели Тејлор.

Тејлор Мун никогаш немал проблеми со срцето. Откако истрчал речиси 12 километри, тој се срушил на земја. Се чинело дека има неправилни отчукувања на срцето. Поради ова, неговата крв не стигнувала до долните делови на неговото срце и тоа се исклучило.

Еден човек по име Исус Буено, кој го викаат Џеси е медицински брат, и тој бил еден од луѓето кои го виделе Тајлер како паѓа. Веднаш потрчал кај него, како и многу други сведоци.

„Најпрво мислев дека има напад, не дишеше како што треба“, се сеќава Исус, „Но, за 20 секунди неговиот пулс го немаше. Тогаш започнав да го оживувам “.

Други луѓе се обидоа да помогнат, имаше 11, од нив некои медицински работници.

„Сите разбраа што се случува, така што некако кликнавме“, рече Исус, „Заедно се боревме за Тајлер“.

Тие се менувале во срцеви масажи сè додека не пристигнала брза помош. Нивното несебично дело го спаси животот на Тајлер. Лекарите велат дека неговото срце е здраво, но ќе му вградат дефибрилатор само за секој случај.

Тајлер е среќен што е жив, особено што се жени за неколку месеци. Во исто време, тој е неописливо благодарен на Бога за сите луѓе што му помогнаа и вели: „Морам да верувам дека тоа беше божествена интервенција“.

„За мене, најважната работа во оваа приказна е дека група на целосно непознати луѓе се собираа за да помогнат на некој“, рече Тајлер: „Тоа е навистина прекрасна работа“.

Тој се сети дека кога се подготвувал за оваа трка, честопати трчал каде што немало никој во близина. Ако тогаш срцето му откажеше, ќе не маше никој да му помогне.

Но, тој пропадна опкружен со толпа луѓе кои знаеја што да прават.

„Зашто, каде што двајца или тројца се собрани во мое име, тука сум и јас меѓу нив“ (Матеј 18:20).