Еден палестински демонстрант загина, а 46 се повредени, од кои 16 од огнено оружје за време на протестите во Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Додека израелската армија тврди дека демонстрантите пукале врз војниците, при што се повредени двајца приоадници на израелските безбедносни сили.

Стотици демонстранти денеска протестираа пред седиштето на Палестинската управа поради израелската акција во Појасот Газа и во Ерусалим. Тие палеа автомобилски гуми и фрлаа камења врз израелските војници, кои употребија солзавец и боева муниција.

Покрај протестот денеска Палестинците во Израел и на окупираните територии стапија во е генерален штрајк во знак на протест против конфликтот во Појасот Газа.