Претседател на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека е клучно да се стави крај на насилството меѓу Израел и Палестинците.

Тој истакна дека конфликтот помеѓу Палестинците и Израелците веќе доведе до голем број жртви меѓу цивилното население, вклучително и деца.

– Важно да се стави крај на насилните активности од двете страни и активно бараме решение засновано врз релевантни резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации и универзално признати принципи на меѓународното право, посочи Путин.