Албанскиот премиер Еди Рама во разговор со Бојко Борисов му се заблагодари на одлуката на бугарското Собрание со ветување дека ќе се реши проблемот на бугарското малцинство во Албанија.

-Дозволете ми да ви кажам, драги бугарски пријатели, дека имав краток телефонски разговор со Бојко Борисов за пријателски и искрено да го решиме прашањето за бугарското малцинство во Албанија! Вистинските пријатели не си наштетуваат еден на друг, туку ја кажуваат вистината еден на друг и си подаваат рака!, напиша Рама на Твитер.

Според пописите во Албанија, нема државјани со бугарска националност, па останува дека Рама во разговорот со Борисов ја прифатил бугарската теза дека Македонците во Албанија се всушност Бугари.