Едно лице загина, три повредени во тешка сообраќајка на патот Битола-Кичево

/ 13.03.2019

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на локалниот патен правец Битола – Кичево, кај селото Драгожани.

При судир на комбе и патничко моторно возило, загина возачот на патничкото возило марка Пежо, 52 годишно лице од селото Секирани.

Со тешки повреди хоспитализирани во битолската болница се три други лица. Како дошло до несреќата се уште нема официјални информации, пренесува ТВ21.


Од истата категорија