Потпишувањето на „Договорот од Преспа“, иако беше поздравен од меѓународната заедница, сепак во Грција предизвика многу реакции кои ќе ги диктираат политичките случувања во иднина, пишува денешна „Ефемерида“.
Во моментов прва ѓртва на битката е заменикот претседател на партијата АНЕЛ, Димитрс Каменос кој е тргнат од партијата затоа што покажа партиска недисциплина со тоа што го поддржа барањето за гласање доверба на Ципрас.
Но, тој како што пишува весникот, е само почетокот на она што ќе се одвива и над земја и под земја, односно одбројувањето почна. = ваѓните политичкки случувања се веќе во тек.
Првин, министерот за внатрешни работи и лидер на АНЕЛ, Панос Каменос во парламернтот каѓа дека неговата партија ќе гласа против договорот. Тој за ратификација во Атина же треба да дојде кон крајот на годината Согласно договорот, целата постапка првин треба да заврши во Македонја, да се спроведе референдумот, па дури потоа грќките парламентарци да се зафатат со пшроцесот на ратидикација.
Прашањето е али тој ќе помине, дали Ципрас ќе обезбеди мнозинство? Ако Каменсо не го поддрѓи, дали неговата надеж ја гледа во Потами? Со артијата на Ставрос Теодоракис Ципрас би имал 151 пратеник, што ќе рече оди по работ.
Можно е да се оди и на предвремени избори.
„Во месеците кои доаѓаат ќе има голема динамика и битка за политички промени. Но оваа битка нема да биде конфорна за никого“, беше кажано во парламентот.
А како прашање се поставува дали во НАТО кога ќе дојде на ред македонското члнство земјата ќе ја претставува Каменос, или замнеикот министер, Фотис Кувелис, кој има поумерен став и кој договорот може да го претстави во позитивно светло.