Патниот правец од мотел „Дреново“ до Росоман денеска од 9:20 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.

Сообраќајот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се одвива преку Кавадарци.

Причина за пренасочувањето е извлекување на товарното возило од синоќешната сообраќајка, што се сличи на патот Градско – Прилеп кај мотел Дреново, информираат од СВР Велес.

Возилата се пренасочуваат да се движат кон Прилеп преку Кавадарци.

Сообраќајката се случи вчера кога унгарски шлепер излета од патот и се преврте. Возачот поминал со полесни повреди.