Најмалку десет полицајци загинаа при напад на контролен пункт во северниот дел на Синајски Полуостров.

– Нападот се случи во градот Ел Ариш додека муслиманите утрово го одбележуваа Рамазан Бајрам, соопшти египетската полиција.

Екстремистите го нападнале контролниот пункт и побегнале со украдено оклопно возило, но египетски воен авион го бомбардираше возилото, при што загинаа најмалку петмина.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот.

Египетските безбедносни сили со години се борат против огранокот на Исламска држава, чие упориште е во северниот дел на Синај.