Финалистот на „Вимблдон“ и 20-кратниот Гренд-слем шампион, Роџер Федерер, ќе игра егзибициски меч на 24-ти ноември во Мексико, на најголемата арена во Мексико.
Објектот собира 41.200 гледачи. Овој натпревар ќе биде прв за Маестро во Мексико. Ривал на 37-годишниот Швајцарец ќе биде дополнително определен.
Дуелот може да собере рекордна публика за тениски меч. До сега, врвното достигнување го имаат Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Двете собраа 35.000 гледачи на егзибициски натпревар во Брисел во 2010 година.