Поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го гледа возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, како фаворит против Макс Верстапен од Ред Бул, во трката за шампионскиот трофеј во 2021 година.

– Сега во Ф-1 има повторно двајца возачи кои се на исто ниво, како што се случи со Сена и Прост. За жал, морам да ги вознемирам фановите на големиот борец од Холандија, надевајќи се на титулата. Хамилтон е во форма подобра од кога било. Луис настапува чисто, непогрешливо, смирено и интелигентно. Тој не се вклучува во секоја битка и му остава простор на противникот, изјави Берни.

Тој додава дека  работата на психологијата го направи Хамилтон речиси непобедлив.

– Стана уште посилен. Верстапен можеби го стигна во аеробатика, но Луис има подобар тим и посигурна техника. Тој секогаш може да се потпре на овие два фактори, потенцира Еклстоун.

По четири трки сезонава во Ф1 шампионатот, Хамилтон е прв со 94 бода, пред Верстапен кој собра 80.