Меѓународниот неделник Економист, со седиште во Лондон, најде проблем во италијанскиот тим кој ја освои шампионската титула на ЕУРО 2020 победувајќи ја Англија во финалето на пенали.

Додека низ цела Британија имаше изливи на расизам кон обоените играчи од англискиот тим кои ги промашија пеналите, Економист најде расизам кај Италијанците.

„Највпечатливиот аспект на италијанскиот состав од 26 играчи пред да излезе на теренот беше тоа што беше единствен тим меѓу главните кандидати, што во составот не вклучуваше ниту еден кој не е белец“.

Несфатлива објава на Економист на Твитер. На прв поглед, ова не морате да го сфатите како замерка кон италијанскиот тим, туку само како констатација, но самиот факт што ова се потенцира како „највпечатлив аспект“, покажува колку „е забегана“ работата кај одредени западни кругови.

Дали Италијанците треба да воведат квоти по боја на кожата? Зошто тогаш Англичаните немаат ниту еден тим од жолтата раса во својот тим? Дали ако Македонија победеше, а во тимот немаше Албанци, ќе имавме проблем поради квотата од 20 отсто?

Впрочем, колку е далеку времето кога Економист и таквите публикации ќе мерат колку хетеро, а колку хомосексуалци има во еден спортски тим?