Поранешниот амбасадор на мисијата на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер не е задоволен од епилогот од преговорите во Охрид и големата победа на Србија на чело со претседателот Александар Вучиќ.

Тој вели дека тоа е голема грешка и пораз за Косово што беше дозволено да ја формира Заедницата на српски општини!

– Мислам дека тоа е голема грешка. Дури и за ЕУ ​​која прва го турна ова. За мене, воопшто нема смисла да се даваат уште повеќе посебни права на малцинската заедница, која веќе има повеќе од нејзиниот дел од малцинските права, повеќе отколку во која било земја во Европа за која знам.