Во овие неколку години имаме објавено голем број ексклузивни авторски текстови за легендата на македонскот револуционерно движење Гоце Делчев. Овде ви посочуваме 13 од нив (линкот ве води до секој од тие текстови), и тие кои се само еден дел од тоа што го имаме објавено за војводата во последниот период, но претставуваат значајна збирка на податоци од кои голем дел при објавувањето беа непознати не само за пошироката јавност, туку и за дел од стручната јавност. Најголем дел од нив се дело на Блаже Миневски и Дарко Јаневски, некои и претходно објавувани во други медиуми каде работеле авторите (Фокус, Нова Македонија, Дневеник…), но со право на „Денешен“ од авторите да ги постават на овие страници. Во некои од нив нема авторство, туку само подготовка на спомените на учесници во настаните од пред еден век, но објавени во време кога за подтоците кои тие ги нудат, малку се знаеше…

Недостигаат тука низа други текстови, како тој за последната средба на Гоце и Даме во Солун, за едно откритие на д-р Михајло Миновски за бугарскиот весник кој бил забранет, но и овој опус во оваа прилика е доволен.

Целта на оваа објава и на овие текстови кои слободно може да се третираат и како историска книга е пораката: За овој човек, никој во Македонија нема право да преговара!