За една година, односно по Брегизот, Британија ќе остане без доволно храна доколку не постигне договор за увоз на храна од ЕУ и од други земји, предупреди денес Националното здружение на фармерите.

Претседателот на НФУ, Минет Батерс повика владата да ја стави храната на врвот на политичката агенда доколку не се постигне договор за излегување од ЕУ, кои треба да се одржат неделава.

„Фармерскиот сектор на ВБ има потенцијали да биде еден од секторите со најголем удар врз него по Брегзитот…слободна трговија со ЕУ и пристап до квалификувана работна сила во земјоделскиот сектор е од особена важност за иднината на овој сектор“, вели таа.

Иако британскиот скеретар за Брегзит, Доминик Раб изјави дека постојат „адекватни доставувачи на храна“ и оти Даунинг стрит е уверен во постигнување договор. Сепак, секретарот за трговија, Лиам Фокс, вели дека шансите да не се постигне договор се 60:40.

Производството на храна во Велика Британија постојано опаѓа и во моментот земјата е способна самата да задоволи 60 проценти од потребите од храна, а пред 30 години тој процент изнесувал 73.

Експерети пресметале дека денот кога Британија ќе остане без доволно храна е 7 август 2019. Кон ова мрачно сценарио се додава и мошне лошата година во која се забележани екстремно високи температури што негативно влијаело на посевите.

Иако Велика Британија е извозник на месо, сепак таа увезува големи количества (околу 40 проценти) особено свинско месо (сланина) од Данска. Потоа доаѓаат и овошјето, свежите зеленчуци, Британија самата задоволува само 57 проценти, како и компири, увезува 25 проценти од потребните количини.

Од малкуте производи кои во Британија ги има како вишок се вискито и лососот.